Англиската моќ на дело: „Малиот“ Ипсвич доведе скапо засилување од Астон Вила

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Ипсвич Таун промовира сериозно засилување во името на Џејден Филоџен кој доаѓа од Астон Вила.

Станува збор за талентирано крило кое во Англија беше „на цена“, па поради тоа новајлијата во лигата го плати 25 милиони евра. Покрај тоа клубот од „Вила Парк“ може да добие уште 3,5 милиони низ бонуси.

Филоџен важи за перспективен фудбалер кој стави потпис на четири ипол годишен договор со тимот од „Портман Роуд“.

Сепак, овој трансфер испраќа многу силна порака, бидејќи „малиот“ Ипсвич без проблем си дозволи скапо засилување за кое дури и најсилните клубови од Италија, Германија, Шпанија би се замислиле и веројатно би им било прескапо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани