Англиската легенда „удри“ по фановите на Сити: Години и години неверојатен успех, а сега кога се најпотребни…

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити пак ги разочара своите навивачи и одигра нерешени 1-1 против Евертон во 18. коло на Премиер лигата.

„Граѓаните“ поведоа и изгледаа добро, меѓутоа успеа Евертон кој е релативно слаб во поглед на постигнување голови од игра да се радува. Поради тоа навивачите немаа милост и жестоко ги исвиркаа фудбалерите по мечот. Тоа не му се допадна на Мајкл Овен, легендата која сега работи како аналитичар.

Неверојатно! Навивачите на Сити го исвиркаа тимот на крајот на натпреварот. Години и години неверојатен успех на кој сведочи фудбалскиот свет. Кога најмногу се потребни навивачите…“, изјави Овен.

Инаку, Овен пред стартот на сезоната имаше интересна изјава со која го најави падот на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани