Родителите на Бредли, преку својот фејсбук профил ја известија јавноста за смртта на нивното момче.
„Моето храбро момче денеска отиде со ангелите 07/07/17 во 13:35, во рацете на мама и тато опкружен од фамилијата.Тој беше нашиот мал суперхерој, храбро се бореше но беше потребен на друго место. Не постојат зборови кои можат да ја опишат нашата тага. Ви благодариме насите завашата поддршка и убави зборови. Спиј мало момче и летај високо со тие ангели“ – стои во статусот на родителите.
Шест годишниот Бредли беше фан на Сандерленд, тој уште од 18 месеци се бореше со редок вид на рак.
Во декември 2016 излезе како маскота на натпреварот помеѓу Сандерленд и Челси, од тогаш стана голем пријател со напаѓачот Џермејн Дефо кој често го посетуваше во болница. Заедно се појавија на Вембли, на натпреварот помеѓу Англија и Литванија во март.
Синоќа, ден пред да почине Бредли, Дефо со солзи во очите изјави: „Toj секогаш ќе биде во моето срце. Тука сме за фамилијата, да помогнеме за се што е потребно. Во изминатите денови немаше утро а да не проверам во телефонот дали има нешто ново за Бредли или да не помислам на него, бидејќи неговата љубов е голема и тоа можам да го видам во неговите очи. Тоа е нешто посебно“ – изјави Дефо.