Англија запиша уште една историска вечер и со победата од 0-2 на гостувањето кај Албанија во Тирана го затвори најуспешниот квалификациски циклус во својата историја. Екипата на Томас Тухел одигра осум натпревари и ги доби сите осум, а притоа не прими ниту еден гол.
Со вакви бројки, Англија стана само втора европска селекција што успеала да помине цел мундијалски квалификациски циклус без примен погодок. Првата што го направила тоа е Југославија во квалификациите за Светското првенство 1954 година, иако тогаш одигра само четири натпревари. Југословенската репрезентација тогаш славеше по двапати против Грција и Израел, секојпат со резултат 1-0.
Тој тим на Југославија подоцна стигна и до четвртфиналето на Светското првенство, каде што беше елиминиран од Германија, селекција што на крајот ја освои титулата.
Англија сега со оваа доминација повторно најавува високи амбиции за завршницата на Мундијалот.