Англија на едно полувреме до финалето, Хрватска ќе мора одново да се враќа од негатива (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англија води со 1-0 на полувремето против Хрватска во втората полуфинална пресметка од Светското првенство во Русија, откако прв патник во големото финале е Франција која со 1-0 беше подобра од Белгија.

Уште во раната фаза од средбата во Москва, Гордиот Албион со фантастичниот гол на Трипие од слободен удар во 5. минута дојде до водство.

Тешко играа Коцкестите по раната негатива, а ја немаат ниту претпознатливата игра во средината, онаму каде што се најдобри, Англичаните делуваат посигурно на теренот и поконкретно во однос на нападите.

Во 21. минута Ребиќ имаше една мини-шанса, но неговиот обид беше изблокиран, истиот фудбалер неполни десет минути подоцна биеше по една одбиена топка која ја зафати, меѓутоа неговиот обид го одбрани Пикфорд кој беше на вистинското место.

Лингард во 36. минута имаше прилика, но истата не ја искористи откако биеше крај десната статива од голот на Хрватска со тоа што резултатот до крајот на првото полувреме остана непроменет, а Коцкестите одново ќе бркаат негатива откако претходно тргнаа со негатива и против Данска во осминафиналето, како и против Русија во полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани