Англија моќно го почна Светското првенство, шест гола во мрежата на Иран (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Англија беше јасен фаворит на овој меч, но се очекуваше дека ќе добие посилен отпор од Иран. Сепак момците на Герет Саутгејт се покажаа во одлично издание и буквално го растурија својот противник.

Резултатот го отвори Џуд Белингем со убав гол во 35. минута од натпреварот, тој стана трет најмлад стрелец на Светските првенства.

Во 43. минута Букајо Сака зголеми на 2-0, а пред самиот крај на првото полувреме погоди и Рахим Стерлинг за веќе убедливи 3-0.

Голеадата продолжи во второто полувреме, по една одлична соло акција во 62. минута Сака со својот втор гол зголеми на 4-0.

Во 65. минута Тереми даде гол и го намали резултатот на 4-1, во тие моменти Иран се надеваше на попристоен пораз, но во продолжението од мечот Англија продолжи да ја полни нивната мрежа.

Не поминута ниту една минута откако влезе во игра, Маркус Рашфорд даде гол за водство на Англија од 5-1.

Следуваше погодок на уште еден играч кој влезе од клупата, Џек Грилиш погоди за предност на Англија и од 6-1, но и тоа не беше се на овој меч.

Судијата покажа 10 минути продолжение, во кои Иран постигна гол од пенал преку Тереми и ги постави конечните 6-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани