Англија ја уништи Панама уште во првото полувреме, неверојатни 5-0! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англија и држи лекција по фудбал на Панама која изгледа смешно во првото полувреме. Гордиот Албион има предност од дури пет голови.

Серијата беше отворена уште во осмата минута кога по еден корнер Стоунс се најде осамен и ја смести топката во мрежата на Панама.

Потоа следуваше гол на Кејн од пенал, па Лингард постигна прекрасен погодок од далечина. 

На пет минути до крајот на полувремето Стоунс постигнува уште еден гол. А серијата во првиот дел ја заврши Хари Кејн со уште еден гол од пенал.

Се очекува Англија да го намали темпото во вториот дел бидејќи во спротивно на Панама ќе им се случи огромно понижување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани