Aнглија ја прегази Србија среде Белград! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Англија славеа убедлива над Србија во Белград со 0:5 и така го нанесоа еден од најтешките порази за Србија на домашен терен во последните години.

Србија на свој терен беше целосно надиграна и Англичаните заслужено дојдоа до убедливиот триумф.

Серијата голови ја отвори Кејн во 32. мнута, а само четири минути подоцна Мадуеке зголеми на 0-2.

Тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата. Ништо не се промени ниту во втоото полувреме, Англија преку Конса дојде и до трет гол во 52. минута. Работата за Србија беше отежната во 72. минута кога Миленковиќ заработи директен црвен картон. Само три минути подоцна Гуехи зголеми на 0-4.

Конечните 0-5 ги постави Рашфорд од пенал во последните моменти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×