154
Англија е апсолутен фаворит во нашата група, поразот е очекуван, но е премногу висок.
Првиот гол го примивме од Тон во 12. минута, потоа одолевавме на нападите на Англичанките се до 42. минута кога Вајт зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел Живиќ си постигна автогол, на полувремето се замина со 3-0 за Англија.
Следниот гол го примивме од Вајт во 67. минута, а десет минути подоцна Ингланд зголеми на 5-0, следуваше нов автогол, овој пат на Коларовска за 6-0.
Кога се чинеше дека со овој резултат ќе заврш мечот, Англија погоди во 90. Ингланд и 91. минута Мид за победа од 8-0.
Во следното коло Македонија ја пречекува Австрија која со 8-1 ја совлада Летонија. Мечот се игра на 21. септември.