Англија ја наполни мрежата на Албанија, хет-трик на Кејн, Жоржињо е трагичар на Италија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англија одигра фуриозно прво полувреме во кое ги даде сите голови на мечот, дури пет. Хет-трик имаше Хари Кејн, по еднаш погодија Мегваер и Хендерсон.

Во второто полувреме Англичаните го намалија темпото и не го понижија дополнително противникот.

Интересно беше на дуелот меѓу Италија и Швајцарија кој заврши 1-1. Двете селекции имаат исто бодови, па во последното коло ќе се решава кој ќе биде прв.

Швајцарија поведе со гол на Видмер во 11. минута, во 36. Ди Лоренцо изедначи на 1-1.

Во 90. минута Италија доби пенал, но Жоржињо ја шутна топката преку гол. Овој фудбалер промаши пенал и во Швајцарија за победа, тогаш мечот заврши 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани