Женската репрезентација на Англија го освои трофејот на Европското првенство, откако во финалето подобро изведуваше пенали од Шпанија.
Интересна е приказната за една од хероините на Англичанките, а тоа е Луси Бронз. 33-годишната фудбалерка по финалето откри шокантни информации. Имено, Бронз го одиграла цел турнир со скршеница на големата писка (тибијата).
„Целиот турнир го одиграв со скршеница на големата писка, а сега си го повредив и другото колено. Поради тоа добив многу пофалби по мечот со Шведска, бидејќи играв со многу болка. Сепак, ако е таа цената да играм за Англија на голем турнир, би прифатила повторно“, изјави Бронз.
Во финалниот натпревар Луис Бронз одигра 105 минути, а потоа принудно беше заменета поради повреда на другото колено.