Англија е во полуфиналето, Шведска си оди дома! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англичаните се радуваат на нов успех, поминаа уште една пречка на патот кон финалето, денеска беа подобри од Шведска и заслужено се пласираа меѓу четирите најдобри на Мундијалот во Русија.

Почетните минути од натпреварот поминаа без поголеми возбудувања, првото големо се случи во 30. минута кога по еден корнер изведен од Јанг, Мегвајар погоди со глава за водство на Англија од 1-0.

Во финишот од првото полувреме Рахим Стерлинг имаше голема шанса да го зголеми водството но Олсен беше поуспешен.

Првата голема шанса за Шведска се случи по две минути игра во вториот дел кога Берг биеше убаво со глава, но Џордан Пикфорд прекрасно интервенираше.

Како се шутира со глава покажа Деле Али во 59. минута кога се најде осамен во шеснаесетникот на Шведска и погоди за 2-0 за Англија.

Три минути подоцна Шведска пропушти уште една голема шанса да се врати во мечот, Клаесон шутираше од убава позиција, Пикфорд уште еднаш одлично интервенираше.

Последната голема шанса за Шведска се случи во 72. минута кога Берг шутираше, а Пикфорд со прстите ја исфрли топката над пречката во корнер.

На крајот Англија заслужено се радуваше на победата, имаше контрола на мечот, а кога одбраната ќе потфрлеше тука беше одличниот Пикфорд.

Англија во полуфиналето ќе го чека победникот од мечот меѓу Русија и Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани