Англичаните се шокираа кога го видоа „кафезот“ за гости на стадионот на Зрињски! (ФОТО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Зрињски го пречекува Кристал Палас во плејоф фазата од нокаут рундата во Конференциската лига.

Голем број навивачи на англискиот клуб допатуваа во Мостар за историскиот европски настап, но вниманието го привлече нешто сосема неочекувано. На социјалните мрежи брзо се проширија фотографии од делот наменет за гостинските навивачи, кој изгледа како „кафез“.

Вакви услови предизвикаа неверување кај англиските фанови, кои се навикнати на далеку помодерни и покомфорни стадиони во Англија. Сепак, наместо само фудбалот да биде во фокус, условите за гостинските навивачи станаа главна тема пред почетокот на натпреварот во Мостар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×