Англичаните одбраа десет најдобри напаѓачи во 21. век

by 24 фудбал
0 минути читање
Роналдо Феноменот во дресот на Раел Мадрид

Британскиот медиум Би-Би-Си објави листа на најдобрите централни напаѓачи на 21 век, а на првото место се најде легендарниот Бразилец Роналдо Назарио.

Интересно е што во самиот врв се наоѓаат и неколку активни фудбалери. Веднаш зад Роналдо се Хари Кејн и Ерлинг Халанд, додека во топ пет се и Тиери Анри и Роберт Левандовски.

Во изборот на Би-Би-Си се најдоа и Дидие Дрогба, Карим Бензема, Златан Ибрахимовиќ, Луис Суарез и Мирослав Клосе.

Листата повторно отвори дискусии меѓу навивачите околу тоа кој е најдобриот голгетер во модерната фудбалска ера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×