Англичаните ќе одземаат пасоши, околу 1.500 навивачи на Челси и Сити нема да можат да одат на СКП

by 24 фудбал
1 минути читање

Околу 1.500 навивачи на Манчестер Сити и Челси нема да можат да отпатуваат да ги бодрат своите омилени клубови на Светското клупско првенство.

Станува збор за навивачи кои имаат забрана за влез на стадионите во Англија, па нема да можат да патуваат на новиот формат во клупското натпреварување. Англичаните веќе некое време го користат овој тип на мерки против „бесните“ навивачи, недозволувајќи им да одат со репрезентацијата или клубовите на гостувања.

Тие 1.500 навивачи ќе бидат должни своите пасоши да ги предадат на полицијата од 9 јуни до 13 јули годинава, па ќе бидат со ограничено движење.

Оние кои нема да се јават на оваа забрана се под ризик за висока парична казна, но и можни шест месеци затвор, секако во зависност од делата кои ги имаат направено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани