Англичаните се расфрлаа со пари за трансфери ова лето како никогаш досега, Манчестер Сити води во лудите цифри на Островот

by
1 минути читање

Како и по обичај,
екипите од Англија, пред се

Премиерлигашите потрошија рекордни суми на засилувања во однос на сите останати
во Европа.

Ова лето 18
клубови од Премиерлигата потрошија околу 1,5 милијарда евра на
засилувања, а оваа бројка е за 23 проценти поголема од ланската, што воедно е
рекорд.

Премиерлигата е
прва, по неа следи италијанската Серија А (798 милиони евра), потоа следат
француската Лига 1 (640 милиони евра) германската Бундеслига (554 милиони евра) и шпанска Ла Лига (542). Ќе издвоиме дека во Шпанија преодниот рок се затвора
вечерва, а тоа е моменталната сума.

Манчестер Сити
како клуб најмногу издвои во однос на сите други, тимот на Пеп Гвардиола
потроши фантастични 230 милиони евра. По Сити следи Челси (195 милиони евра),
додека пак Манчестер јунајтед и Евертон го одврзаа ќесето за по 157 милиони
евра.

Најскапото
засилување ова лето во Премиерлигата беше Белгиецот Ромелу Лукаку кој од
редовите на Евертон премина во Манчестер јунајтед за околу 85 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани