66
Неколку весници
од „Островото“ пренесуваат дека шокантни фотографии и видеа се постираат на
енкриптираната аплицикација Телеграм со кои во детали се опишува како
терористите на ИСИС планираат да изведат напади на мундијалот во Русија.
Пропагандниот
материјал покажува како екстремистите поставуваат бомби и експлозив на
дроновите, кои потоа ќе бидат фрлени врз играчите и навивачите на Светското
првенство.
Ова не е прв пат
ИСИС да се закани дека ќе изврши терористички напад за време на мундијалот во
Русија, во неколку наврати беа објавени фото-монтажи каде ѕвезди како Лео Меси
и Нејмар или се прикажани како мртви или имаат нож на вратот.