Англичаните нема да можат да „глумат“ Црногорци во Подгорица

by
1 минути читање

Новата Англија,
како што многумина ја нарекуваат селекцијата под водство на Герет Саутгејт,
вечерва гостува кај Црна Гора во Подгорица, во рамките на второто
квалификациско коло за ЕП 2020.

Гордиот Албион во
првото коло славеше со убедливи 5-0 на домашен терен над Чешка, а тоа беше
убава увертира за гостувањето кај Подгорица, каде домаќинот на организациски
аспект сака сето тоа да мине крајно професионално.

На арената во Подгорица
со капацитет за 15,000 гледачи, место ќе има само за 650 гостински навивачи,
кои ќе бидат сместени на трибината за гостински навивачи, и ништо повеќе од
тоа.

Скај Спортс пишува дека секој навивач пред да влезе на гледалиштето ќе има јазичен тест по
црногорски за да се види дали станува збор за Црногорец, откако низ медиумите
излезе информација дека повеќе од 100 англиски навивачи набавиле билети, спроти договорот
помеѓу обете фудбалски организации, а домаќинот е дециден повеќе од предвидените 650 англиски навивачи да нема на трибините.

Некои англиски
навивачи стигнале и до билет преку фудбалската федерација на Црна Гора, иако го
прикажале својот пасош и лична карта, овој процес ќе биде повлечен поради
административна грешка, како што наведоа од куќата на фудбалот
во Црна Гора.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×