Ангиса и Рахмани го израдуваа Наполи на „Луиџи Ферарис“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Наполи се радуваше на гостувањето во Џенова со 1-2 во средбата од 17 рунда на италијанската Серија А.

Успеа тимот на Антонио Конте да стекне двојна предност во воведната третина од натпреварот. Првиот гол беше дело на Замбо Ангиса. Играчот за врска со глава погоди во мрежата на Леали за 0-1 во 15. минута. Само осум подоцна своето име во листата стрелци го запиша и дефанзивецот Амир Рахмани кој исто така со глава ја стресе мрежата на Џенова (0-2). Двата гола се проверуваа во ВАР собата, ама немаше реакција.

Џенова тргна подобро во вториот дел, се врати во игра преку Андреа Пинамонти, а во завршницата стативата ја погоди Марио Балотели.

Со оваа победа Наполи дојде на 38 бода и барем до утре ќе биде на првото место на табелата. Од друга страна Џенова има 16 бода на 14. место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани