Ангеловски задоволен од формата на Несторовски и Тричковски

by
1 минути читање

Следниот месец Македонија ги продолжува мечевите од квалификациите за СП во Русија, на 24. март му гостуваме на Лихтенштајн а четири дена подоцна ја пречекуваме Белорусија во пријателски натпревари.

„Нормално дека ги следам настапите на нашите фудбалери кои настапуваат во странство, како селектор исклучително сум задоволен од формата на Несторовски и Тричковски, двајцата постигнуваат голови и се многу значајни за своите тимови. Исто така, ме радува тоа што нашиот капитен Горан Пандев вчера настапи во првиот состав за Џенова, а имаше одличен настап во минутажата која ја доби и на претходните натпревари. Најважно е сите да бидат здрави и подготвени да ги дочекаме подготовките за продолжението од квалификациите, изјави Игор Ангеловски за официјалниот сајт на ФФМ.

Тој во изминатата недела ги следеше во живо и контролните натпревари на македонските екипи кои се подготвуваат во Ангалија.

„Многу значајно за нашите екипи кои се подготвуваат во Анталија е тоа што имаат идеални услови за тренинг и играат натпревари против силни европски тимови. За време на мојот престој во Анталија ги следев во живо натпреварите на Вардар, Шкендија, Работнички, Силекс, Академија Пандев и Пелистер и од она што го видов во оваа фаза на подготовки, очекувам да бидат максимално подготвени за продолжението од нашиот шампионат. За мене најважно беше да добијам увид во формата на актуелните репрезентативци, но исто така да се уверам во потенцијалот и квалитетите на играчите кои во иднина можеби ќе добијат шанса за настап во репрезентацијата. Ме радува тоа што сите репрезентативци, освен Спировски кој за брзо време ќе биде во полн тренажен процес, се во добра здравствена и натпреварувачка форма. Потенцијалните репрезентативци ќе продолжиме да ги следиме сѐ со цел да имаме јасна слика пред квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн и пријателскиот против Белорусија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани