Македонија
утревечер гостува кај Израел во седмото коло од квалификациите за СП Русија
2018, селекторот Игор Ангеловски смета дека на првиот меч во Скопје (1-2) гостинот
заминал среќно со победа, а за утрешната пресметка се надева дека неговите
фудбалери ќе создаваат шанси, но истовремено истите ќе ги претвораат и во
голови.
„Во Скопје
беше неизвесно, создадовме многу шанси, но победи гостинот. Се надевам дека
утре ќе создаваме шанси, но и дека ќе реализираме. Верувам во овој избор
на фудбалери. Изработивме добри подготовки и подготвени ќе влеземе во
натпреварот со цел да оствариме позитивен резултат“ издвои Ангеловски.
Дуелот помеѓу
Израел и Македонија стартува со почеток од 20 часот и 45 минути.
Извор:
ffm.mk
Фото: Кочо Сотировски (24фудбал,
Македонија-Шпанија, архива)