Ангеловски: Турција е фудбалска велесила, тоа е дополнителен мотив за сите во тимот

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација без отсутните Пандев, Несторовски, Алиоски,
Ристовски и Стјепановиќ ги одработува подготовките за претстојните два натпревари
идниот месец, најнапред против Турција, потоа против Шпанија.

Претходно
наведените ќе се приклучат на националниот тим подоцна поради клупски обврски.

Селекторот Игор
Ангеловски вели дека Турција е мотив за сите играчи во нашиот тим, притоа
дополнува дека Македонија има препознатлива игра која во последните натпревари
почна да носи и резултати.

Турција е фудбалска велесила и ќе биде дополнителен мотив
за сите играчи. Реков дека и на пријателски дуели сакам да играм против
квалитетни селекции. Посакувам играчите да бидат на нивото на претходните
мечеви и да го дадат најдоброто од себе. Не смееме однапред да се
предадеме, мора да го дадат максимумот. Имаме препознатлива игра која во
последните мечеви почна да носи и резултати
вели Ангеловски.

Турција ќе биде
увертира за тоа што следи потоа, дуелот на домашен терен во Скопје на 11. јуни против
Шпанија, во шестото коло од групата „Г“ во квалифиакциите за СП Русија 2018.

 

Извор/Фото:
ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани