Македонија на 5. септември ја пречекува Ерманија, а три дена подоцна патува во Грузија. Селекторот е задоволен што после долго време повторно се собраа репрезентативците, очекува позитивни резултати кои ќе помогнат и во кревање на формата пред мечот со Косово.
„Задоволството е големо кај сите бидејќи после долго време сме заедно. Заедништвото не красеше долги години и тоа заедништво ни ги даде оние резултати кои ги остваривме на минатите натпревари“, вели Ангеловски.
„Паузата беше долга, но јас не сум човек кој гледа во минатото. Гледам кон идните натпревари со Еременија и Грузија. Очекувам наше максимално издание, без разлика на паузата, без разлика на моменталната форма. Кога се игра за националниот грб мора да се даде максимумот и не се сомневам дека така ќе биде и сега“.
„Секогаш размислувам само на следниот натпревар, па сите мисли ни се насочени кон натпреварот со Ерменија. Да влеземе максимално мотивирано и да ја почнеме Лигата на нации, а и да се подготивме за оној натпревар кој го играме за еден месец а кој македонската јавност одамна го чека, тоа е дуелот со Косово, но сега мислите ги насочуваме само кон Ерменија“.
„Барам сите фудбалери кои ќе настапат да го дадат максимумот, но тоа не е ништо ново, на секој меч сум го барал истото. Ерменците имаат добро размислување за нас, убаво е да се слушне тоа, не ни создава притисок, напротив дополнително не мотивира да го дадеме максиумот“.