Македонија на 2. септември му гостува на Израел, додека на 5. ја пречекува Албанија во Струмица. Селекторот Ангеловски се реши да повика потполно нови стопери, а изненадување се и Дени Илиев и Љупчо Дориев.
„Овој циклус сакам да го искористиме да создадеме тим кој долго ќе игра во репрезентацијата“ – вели Ангеловски.
„Го повикав Илиев на голманската позиција бидејќи тој е член на Арсенал и голема наша надеж. Се врати од повредата и почна да брани во неговиот тим. Во одбраната ги повикав Велковски, Зајков и Муслиу кои играа одлично на Европското првенство и заедно со Ристовски, Ристевски и Тошевски се нашата иднина“.
„Во средниот ред имаме најмногу играчи затоа што сакаме да имаме ротација во двата натпревари. Во нападот сме со стандардните Пандев, Несторовски, Трајковски, Тричковски и Радески“.
„Не ги повикав Мојов и Шиков но не сум се откажал од нив. Во иднина можат повторно да добијат повик. Жута не е на списокот бидејќи не сум задоволен од неговите игри за репрезентацијата“.
„Ми се допаѓа тоа што во овој трансфер период дел од нашите репрезентативци потишаа за големи клубови. Стефан Ристовски отиде во Спортинг, Алиоски станува еден од главните во Лидс, Барди ќе игра во шпанската лига. Се надевам дека со нивниот напредок ќе напредува и репрезентацијата“.
„Израел и Албанија се селекции кои се приближни на нашиот квалитет, добро се познаваме со нив и се надевам на добро резултати во престојните натпревари“.
Списокот на македонската репрезентација за дуелите со Израел и Албанија.