Ангеловски повторно го повикал Кулушевски, но фудбалерот на Парма не сака да игра за Македонија

by
1 минути читање

Фудбалерот од Шведска со македонско потекло, Дејан Кулушевски одлично ја почна сезоната во Парма па повторно стана интересен за нашата јавност.

Тој има настапи за Македонија во младинските категории, но подоцна одлучи да настапува за Шведска. За сениорската селекција на Швеѓаните се уште нема настап, поради тоа селекторот Ангеловски уште еднаш го контактирал, но играчот бил дециден дека не сака да игра за нашата репрезентација.

„Имавме состанок пред три години во Охрид, тогаш му понудив да игра за Македонија, но одговорот беше дека сака да игра за Шведска. Пред еден месец повторно имавме разговор, му реков дека сакам да го викнам. Но неговиот избор е да игра за Шведска. Сакам да и соопштам на јавноста дека тоа е вистината, Кулушевски не игра за Македонија затоа што сака да игра за Шведска“, изјави Ангеловски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×