Ангеловски: Подготвени сме, одиме на победа

by
1 минути читање

Македонија утре ќе влезе како фаворит против Лихтенштајн, играчите ќе дадат се од себе за да дојдат до првите бодови, но јасно е дека противникот не смее да се потцени.

„Имавме добри подготовки и максимално сме подготвени за овој дуел, знаеме натпреварот што претставува за нас, одиме на победа. Денес во фудбалот нема лесни противници, ако сакаме да дојдеме до трите бода мораме да го дадеме максимумот. На минатите натпревари одигравме добро, но сега треба да почнеме и да освојуваме бодови. Ако играчите го испочитуваат она што го договоривме ќе имаме големи шанси за победа. Имаме почит за Лихтенштајн иако и тие како и ние немаат освоено бодови. Нашата цел е јасна, одиме на победа“ – вели Ангеловски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани