Вечерва во
Амстердам беа одредени групите за новата сезона од Лигата на нации. Во циклусот
2020/21, Македонија ќе биде дел од Лига Ц, a денешната ждрепка не смести во Група
2, заедно со Грузија, Естонија и Ерменија.
Селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски вели дека можеме со сите да се носиме и порача дека
целта е првото место.
„Со оглед на
нашиот квалитет, игрите кои ги прикажавме изминатиов период и остварените
резултати, целта на Македонија ќе биде да се бориме за првото место, но во овој
момент сиот фокус ни е насочен кон натпреварот со Косово“ – вели Ангеловски.
„Во минатото,
многупати покажавме дека можеме рамноправно да се носиме со било кој противник,
а така ќе биде и сега. Одиме да го освоиме првото место. На хартија пртовниците
не се атрактивни, но поседуваат квалитет. Сепак, не стравуваме од никого и на
секој натпревар ќе одиме на три бода“.