Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација вечерва (20,45) ќе ги одмери силите со
Албанија во осмото коло од квалификациската група „Г“ за пласман на СП Русија
2018, на домашен терен во натпреварот кој ќе се одигра на стадионот „Младост“
во Струмица.
Селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски веќе го одреди почетниот состав за вечерашната
пресметка, тој е ист како оној против Израел, како во однос на имињата, така и
во однос на формациската поставеност (4-2-3-1).

Македонија:
Димитриевски, Ристевски, Муслиу,
Алиоски, Пандев, Барди, Ристовски, Велковски, Николов, Спировски и Несторовски.
Суспендиран
поради жолти картони е младиот 17 годишен Елиф Елмас, кој беше асистент на погодокот
на Пандев во победата во Хаифа кај Израел (0-1), тој денес и помогна на младата
селекција во победата над Ерменија на гости со 0-3 во квалификациите за ЕУРО
2019 Италија.
Според најавите,
очекувањата се трибините да се исполнат до последното место, а меѓу другото, се
очекуваат околу 450 навивачи на гостинската селекција.
Нашата селекција
по триумфот на гости кај Израел (0-1) и евентуална победа вечерва може да се
замеша во битката за третото место во групата. Моменталната ситуација на
табелата: Шпанија 19, Италија
16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6 и Лихтенштајн 0.
Ова ќе биде
десетта меѓусебна средба помеѓу овие две селекции, во претходните девет
Македонија четири победи, три ремија и два порази. Во првиот дуел од овие
квалификации, Албанија во Скадар славеше со 2-1.
Мечот во Струмица
ќе го суди шведскиот арбитар Јонас Ериксон.
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал, архива,
Македонија – Шпанија)