Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва (20,45)
гостува кај Италија во претпоследното, деветто коло од групата „Г“ од
квалификациите за СП Русија 2018.
Суспендиран за средбата во Торино е дефанзивецот Кире
Ристевски, па тој нема да биде во комбинација, исто како и Бобан Николов, чие место со дополнителен повик го зазеде Адис Јаховиќ во тимот на Ангеловски
кој веќе пикираше за почетниот состав во дуелот со големиот фаворит.
Почетниот состав на Македонија: Димитриевски, Муслиу, Алиоски, Пандев, Хасани,
Ристовски, Велкоски, Барди, Радески, Спировски и Несторовски.
На клупата за резервни
фудбалери останаа Нилсон, Шишковски, Тошевски, Дориев, Зајков, Тричковски,
Трајковски и Јаховиќ.
Нашите фудбалери резултатски не бркаат ништо во однос на
евентуален пласман на Мундијалот идната година, но евентуален позитивен исход
од вечерашната пресметка ќе значи ново билдање на рејтингот на ФИФА, кој и
онака, се уште не е за пофалба.
Како за потсетување, на претходната средба во Скопје,
Италија мошне среќно, во самата завршница се извлече и замина со победа од 2-3
иако нашите фудбалери имаа предност од 2-1.
Мечот на арената „Олимпико“ во Торино ќе го суди
португалскиот арбитар Тијаго Мартинс.
Извор: uefa.com
Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал, архива, Македонија – Шпанија)