Ангеловски пикираше: Несторовски осамен во нападот, Пандев на клупа (ФОТО)

by
1 минути читање

Ерменија е нашиот
противник на стартот од новата сезона во Лигата на нации, а веќе се познати и
почетните состави на обете селекции, нашата ќе игра во формациска поставеност
од 4-2-3-1, а најистурен во нападот ќе биде Илија Несторовски.

Како што е
познато, Столе Димитриевски е заболен со Ковид-19, па тој отпадна од
комбинација, а на голманската позиција од првата минута ќе стартува Дамјан
Шишковски, интересна е одлуката на селекторот Игор Ангеловски со капитенот
Горан Пандев, кој мечот на арената „Тодор Проески“ ќе го почне од клупата за
резервни фудбалери.

Почетен состав:
Шишковски; Ристовски, Велкоски, Муслиу, Ристевски; Адеми, Николов; Елмас, Барди, Алиоски; Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×