Ангеловски: Пандев ја покажа својата големина, штета што Несторовски не погоди

by
2 минути читање

Предводени од
одличниот Илија Несторовски „Црвено-жолтите“ вечерва со 0-3 славеа на
гостувањето кај Лихтенштајн за први три бода во квалификациите за мундијалот во
Русија.

„Сакам да им
честитам на фудбалерите, заслужено остваривме победа
– рече селекторот Игор Ангеловски
по крајот на натпреварот. „Бевме подобар противник и успеавме да освоиме три
бода
.

„И со претходните
игри заслуживме бодови, но еве дури сега ги прокниживме, па мило ми е за
играчите
.

„Очекувам во
иднина да прикажаме и подобри изданија
.

Тој имаше и
пофални зборови за капитенот Горан Пандев, кој му ја отстапи должноста на Илија
Несторовски да го изведе пеналот во завршните минути со цел да стигне до
хет-трик.

„Пандев ја покажа
својата големина, тој требаше да го шутира пеналот но му даде можност на
Несторовски да постигне хет-трик
.

„Штета што Илија
не погоди
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани