Македонија ја оправда улогата на апсолутен фаворит и стигна до рутинска победа во воведниот меч од Лигата на Нации. Со головите на Тричковски и Алиоски во првиот дел, „црвено-жолтите“ со три бода се враќаат од гостувањето кај Гибралтар.
„Ја остваривме целта, дојдовме по три бода и победа. Како што сакавме, постигнавме брз гол, а потоа и втор погодок и тоа ни овозможи да одиграме рутински и да ги сочуваме силите за мечот со Ерменија“ – вели селекторот Игор Ангеловски.
„За три дена не чека тежок натпревар, и моравме да мислиме на тој меч. Затоа и го извадив Пандев на полувреме. Тој е многу важен фудбалер за нас, во неделата играше 90 минути за Џенова, па го повлеков од игра за да го сочувам свеж за пресметката со Ерменија. На полувреме се договоривме да не се трошиме, со посед на топка да не му дозволиме на противникот да се закани. Верувам дека против Ерменија ќе го валоризираме овој триумф“.