4,K
Сопственикот на Палермо со неколку молбени писма успеа да издејствува ослободување на Несторовски од репрезентативните обврски.
Македонија на 11. ноември ја пречекува Норвешка во пријателски натпревар, а ден подоцна Палермо игра во Серија Б, му гостува на тимот на Кремонезе.
Бидејќи се работи само за пријателски натпревар на Македонија, селекторот Ангеловски одлучи да му излезе во пресрет на Палермо и да го пушти Несторовски.