235
„Црвено-жолтите“ во добро расположение ќе отпатуваат во Романија откако вечерва славеа со високи 4-0 против Казахстан во „генералката“ пред стартот на Европското првенство.
„Целта на овие два меча беше да пробаме тактички варијанти, но и поединечно фудбалерите да добијат минутажа, и тоа успешно го остваривме. Играчите кои добија шанса ја искориситја, сега ќе можам да сметам на повеќе фудбалери“ – вели селекторот Игор Ангеловски.
„Морам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, што дојдоа да не поздрават и да не испратат, но нас еуфорија не ни треба. Нека има фудбалска еуфорија во Македонија меѓу сите навивачи, но ние мора да останеме цврсто на нозе“.