Ангеловски: Ќе го дадеме максимумот против Белорусија

by
1 минути читање

Македонија утре со почеток од 18 часот ја пречекува Белорусија на „Филип Втори“ арената. По победата против Лихтенштајн, атмосферата во македонската селекција е позитивна а таква треба да се одржи и со триумф над Белорусија.

Селекторот Игор Ангеловски ветува дека неговите фудбалери ќе влезат максимално на овој меч со цел да остварат уште една победа.

„Иако натпреварот против Белорусија е пријателски, ние ќе влеземе максимално ангажирано со цел да оствариме победа. Го гледавме нивниот натпревар против Шведска кој го загубија, но тоа не треба да не залажува бидејќи се работи за селекција која е далку пред нас на ФИФА листата, но ова е можност да го потврдиме нашиот квалитет“ – вели Ангеловски.

„Од натпреварот против Лихтенштајн, седум фудбалери заминаа со У21 селекцијата, но имаме доволен број на играчи за утрешниот натпревар“.

Повик доби и 16 годишниот Чурлинов кој ако заигра утре ќе биде најмладиот дебитант во селекцијата на Македонија.

Чурлинов е екстра талент и затоа го повикав. Овој повик за него нека биде поттик за понатамошната фудбалска кариера и е доказ дека во сите селекции на македонија од У21 до У19 имаме големи таленти на кои можеме да сметаме“.

Во составот се враќа и Езџан Алиоски кој го пропушти натпреварот против Лихтенштајн поради жолти картони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани