Ангеловски: Ќе дадам сè од себе Пандев да продолжи да игра за Македонија

by
1 минути читање

Македонија со 4-0 го победи Лихтенштајн и ги заврши квалификациите за Светското првенство во Русија. И покрај тоа што се пласиравме на петтото место, селекцијата во последните неколку кола покажа дека има иднина и пред неа е многу посериозен циклус.

„Задоволен сум од пристапот на моите фудбалери, влегоа со максимален фокус и желба за победа и го направија тоа. Се покажа дека кога пристапот е правилен, резултатот не може да биде доведен во прашање барем кога имаме противник од кои сме поквалитетни“ – вели селекторот Ангеловски.

„Ме радува тоа што на сите мечеви во овие квалификации бевме конкурентни. Целта во овие квалификации ни беше да направиме тим, да добиеме препознатлива игра и да собереме што е можно повеќе бодови. Мислам дека заслуживме повеќе бодови“.

Неизвесно е дали Горан Пандев ќе продолжи да го носи дресот на Македонија и во следниот квалификациски циклус или ќе стави крај на репрезентативната кариера.

„Го извадив Пандев од игра бидејќи имаше исцрпувачки меч и во Торино. Тој и денес беше фантастичен и покажа дека е главен елемент во репрезентацијата. Јас ќе направам сè за тој да продолжи да игра за Македонија“.

Ангеловски го прокоментира и враќањето на Адеми кој тоа го направи на маестрален начин со прекрасен гол.

„Адеми овој меч го одигра како да имал два дена пауза, а не две години“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×