Македонија запиша
нов пораз во квалификациите за СП Русија 2018, овој пат на домашен терен од
Шпанија со 1-2 на „Телеком арената“ во Скопје.
Се чини дека
нашите сениори одиграа половично, очајно прво полувреме, но добро во вториот
дел каде селекторот Ангеловски се реши уште на почетокот во второто полувреме
да го уфрли Елмаз кој влезе на местото на Стјепановиќ, клучен момент кој
целосно го смени текот на играта.
Селекторот на
Македонија по мечот издвои дека нашата репрезентација одиграла очајно во првиот
дел, но радува играта во вториот дел од мечот.
„Честитки за
Шпанија на победата, ние не сме задоволни, особено од тоа како влеговме во
мечот во првиот дел, имавме преголем респект за противникот. Ме радува второто
полувреме, се вративме во мечот, но за жал не успеавме да избегнеме пораз“
издвои Ангеловски по мечот.
Влегувањето на
Елмаз внесе голема свежина во нашата игра, бенефитот дојде со голот на Стефан
Ристовски за намалување на водството на противникот, но тоа беше се што сторија
нашите сениори на вечерашниот натпревар.
За одбележување е
тоа што одлично деби во стартните единаесетмина имаше десниот бек на Пелистер,
Кристијан Тошевски, со ова Стефан Ристовски доби поофанзивни задачи на десната
страна. Ангеловски не штедеше пофалби на сметка на Елмаз и Тошевски на пресконференцијата по мечот.
„Во Елмаз,
Македонија доби огромен бисер, влезе и внесе свежина, пред него е голема
иднина. Одличен беше и Тошевски на позицијата десен бек, Македонија доби двајца
големи играчи“ додаде Ангеловски.
„На
полувремето бев нервозен, од тоа дека мојата екипа се плаши да игра, без
разлика што противникот е Шпанија, сакам моите играчи да играат одважно против
било која селекција. Сега е лесно да дебатираме дали Елмаз требаше да биде
стартер или не, но јас сум задоволен од она што тој го прикажа во вториот дел“ заврши селекторот на Македонија.
Следен предизвик
за нашите фудбалери е гостувањето кај Израел на 2. септември, Шпанија истиот
ден на домашен терен ја пречекува Италија во битката за првото место во нашата
квалификациска група, односно директен пласман на Мундијалот кој се одржува
идната година.