Ангеловски: Имаме причина за задоволство, дојдоа и резултатите

by
1 минути читање

Македонија врза уште еден одличен натпревар и со убедливи 3-0 ја совлада Белорусија. Два гола беа дело на Пандев, еден постигна Спировски.

„Го одигравме овој натпревар како да е квалификациски и заслужено победивме. Среќен сум за моите фудбалери што покажаа дека на теренот не се виде разликата од 100 места на ФИФА листата. Не ни треба еуфорија, верувам дека вака ќе продолжиме и во иднина“ – вели селекторот Ангеловски. 

„Среќен сум за дебито на Чурлинов, но жалам што не постигна гол, тоа ќе беше прекрасно“. 

„Ја променивме формацијата, имавме контрола на ситуацијата и реагиравме на нивната промена на системот. Наша работа е да се спротиставиме најдобро што можеме против противникот. Моите фудбалери ги спроведоа идеите на претходните пет натпревари, но сега дојдоа и резултатите. Две победи без примен гол ни нудат многу задоволство. Мораме да останеме цврсто на нозе и да бележиме уште подобро резултати“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани