Македонија пред
околу 10.000 навивачи одигра 1-1 против Словенија на првиот тест пред ЕВРО
2020, вечерва „црвено-жолтите“ беа на добар пат да слават, но примија гол во
завршните мигови од мечот.
И покрај тоа што
не победивме, селекторот Игор Ангелови вели дека целта била остварена.
„Сакам да им се
заблагодарам на навивачите кои дојдоа во посакуван број, им благодарам за
поддршката, но жал што со победа не прославивме“ – вели Ангеловски.
„Задоволен сум од
второто полувреме до примениот гол, доминиравме, личевме на вистинската
Македонија, противникот не се ни доближи. Но моравме да дадеме и втор гол по
водството и предвреме да го решиме мечот. Сепак, ова е само подготвителен
натпревар, работиме двапати на ден, нозете се тешки. Кога се ќе се собере,
целта за овој натпревар е постигната“.
„По онаа победа
над Германија, ове е прв натпревар што го играме. Во првото полувреме имавме
тежина во нозете и малку се баравме, но во второто полувреме одигравме одлично.
За три дена имаме уште еден натпревари, дел од фудбалерите ќе добијат шанса,
дел ќе се освежат па ќе бидеме подготвени за стартот на ЕП“.
Фото: ФФМ