Македонија тргна
со победа во воведното коло од Лига „Ц“ од Лигата на нации, а за утре со
почеток од 18 часот е предвиден мечот на гостински терен кај Грузија, меч на
кој нашиот селектор Игор Ангеловски смета дека нашиот состав не е фаворит.
„Двете
репрезентации започнаа со победа, нема топ фаворит во групата, ние стартувавме
со три бода, очекувам интересен натпревар, и подобриот нека победи. Јас мојот
тим го подготвувам да одигра најдобро што може да одигра и да забележиме
позитивен резултат“ рече Ангеловски
на пресконференцијата.
„Ја
започнавме групната фаза со победа, но мислам дека утре не сме фаворити. Исто
така верувам дека во групата нема изразит фаворит за првото место. Сите четири
селекции се со еднакви шанси. Нè чека тежок меч, бидејќи Грузија има добра
селекција . Не можам детално да зборувам за планот на утрешниот натпревар, но
секогаш ја подготвувам екипата за да можеме да играме најдобро. Ќе се обидеме
да покажеме добар фудбал. Би сакал тука да дојдеме повторно во ноември и да
играме во финалето на плејофот за пласман на ЕП 2020. Сепак, сега сме
фокусирани на утрешниот дуел“ додаде
нашиот селектор.
Капитенот Горан
Пандев вели дека атмосферата во нашата селекција е одлична, а за разлика од
теренот во Скопје, на гости кај Грузија ги чекаат мошне подобри услови за игра.
„Важни беа
трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар
терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата
е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100%
подготвени но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може
да се стигне до посакуван резултат“
подвлече Пандев.
Извор/фото-вест:
ffm.mk