355
Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски доби повик за престојните мечеви против Гибралтар и Ерменија во рамките од Лигата на нациите.
Тој е повикан откако настапот го откажа Аријан Адеми кој заработи повреда во меч за Динамо Загреб против Јанг Бојс и ќе паузира еден месец.
Македонија на 6. септември му гостува на Гибралтар, а на 9. ја пречекува Ерменија од 18 часот на Арената „Филип Втори“ во Скопје.