Ангеловски го објави списокот, повредениот Барди доби повик, се враќаат Ристовски и Тошевски

by
1 минути читање

Пред Македонија
се две клучни пресметки кои можат драстично да ни ги зголемат шансите за првите
две места во групата или да не отпишат од битката за врвот. На 10. октомври во
Скопје се среќаваме со Словенија, а потоа на 13. октомври гостуваме кај Полска.

Игор Ангеловски
попладнево го соопшти списокот и не направи големи промени во составот. Во
репрезентацијата се враќа Кристијан Тошевски од Вардар, а повик доби и
повредениот Енис Барди, кој е под голем знак прашалник. На листата се најде и
Стефан Ристовски од Спортинг, кој со месеци беше надвор од стројот и дури
минатата недела почна да тренира со полна пареа.

Дарко Велковски
отпадна од комбинација поради повреда, Егзон Бејтулаи нема да може да игра
против Словенија поради картони, а од претходниот собир, единствено ќе го нема
Кире Маркоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×