Ангеловски го објави списокот на Македонија за ЕВРО 2020

by
1 минути читање

Селекторот Игор Ангеловски ги одбра 26. фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство. На списокот се сите играчи кои се очекуваше да бидат, а тука се и младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов кои можеби се изненадувања во составот.

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Езгјан Алиоски

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Тихомир Костадинов, Ферхан Хасани, Елиф Елмас, Даниел Аврамовски, Дарко Чурлинов, Марјан Радески

Напад: Горан Пандев, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Влатко Стојановски, Крсте Велковски, Милан Ристовски.

Македонските фудбалери подготовките ќе ги почнат на 26. мај, ќе одиграме два пријателски натпревари, против Словенија и Казахстан, на 8. јуни се селиме во Букурешт, а на 13. јуни го играме првиот меч на Европското првенство, дуел против селекцијата на Австрија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×