Македонија утре го има последниот тест пред заминување на ЕП, во Скопје гостува селекцијата на Казахстан.
„Овој натпревар ќе биде како подготвителен тренинг меч, Казахстан не е селекцја како Лихтенштајн или Гибралтар, одиграа 1-1 кај Украина, имаат доста добри млади фудбалери од нивната лига, ова ќе биде добра проверка. Можеби ќе излеземе во различен тим, но нема да биде комплетно нов, некои ќе одмориме, некои ќе играат“, вели селекторот Ангеловски.
„Спировски е одличен утре ќе игра. Хасани има напукнатина на носот, утре нема да игра, тренира, но без контакт со другите фудбалери“.
„Денеска, му истекува изолацијата на Барди и ќе може да работи индивидуални тренинзи се до додбивање на негативен тест. Денеска ќе биде и тестииран, ако добие негативен тест ќе работи со нас, ако не ќе тренира сам“.