Фудбалката реепрезентација на Македонија до 21 година утре со почеток од 17:00 часот во Битола ќе игра нов наатпревар во рамките од петтото коло во квалификациите за Лигата на шампионитее.
Избраниците на селекторот Станиќ ќе се соочат со репрезентцијата на Шведска која како и ние има само една победа во досегашните четири натпреваари.
Подготовкитее фудбалерите ги одработуваат во Охрид, а пред дуелот сеега зборуваше капитенот на тимот, Матеј Ангелов.
„Ова се два многу важни натпревари за нас. Уште поважно е што ги играме на домашен терен и ќе сториме сѐ од нив извлечеме максимум. Што се однесува до претходниот дуел против Црна Гора на гости, навистина е жално што загубивме на таков начин.
Пред се затоа што бевме подобри од противникот во поголемиот дел од мечот. Сепак, клучна беше концентрацијата во поедини ситуации и дисциплината во истите. Токму овој сегмент мора да го поправиме. Тој детал не чинеше бодови во Црна Гора, особено во второто полувреме. На тоа мора да поработиме.
Нема посебна филозофија. Анализа на противникот, максимална посветеност и 100% влез во мечот. Како што доликува да се игра во националниот дрес. Ништо помалку од тоа“ – вели капитенот на нашата репрезентација Матеј Ангелов