Анџело Николовски прво зимско засилување за Македонија ЃП

by 24 фудбал
7 минути читање

Анџело Николовски е нов фудбалер на Македонија Ѓорче Петров.

Левиот бек кој минатите година и половина настапуваше за Детонит Плачковица доаѓа во лидерот на ВМФЛ како директна замена за Мите Цикарски кој се пресели во Вардар. Ова е првото зимско засилување за тимот кој го води Бобан Грнчаров.

Македонија Ѓорче Петров одигра одлично во есенскиот дел од сезоната и со 38 бода е лидер во второлигашкото друштво. Тие имаат капитална предност од пет бода пред Брегалница, а шест пред Башкими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани