Андрес Иниеста ќе оди на СП 2026!

by 24 фудбал
1 минути читање

Мароканската фудбалска репрезентација влегува во нова ера откако селекторот Валид Реграгуи реши да се повлече од функцијата по зголемените критики од јавноста, и покрај добрите резултати што ги постигна со националниот тим.

Неговото заминување доаѓа во чувствителен период, во време кога Мароко веќе почнува со подготовките за Светското првенство 2026, па ваквата промена предизвика големо внимание во фудбалската јавност.

Сепак, од Мароко брзо реагираа и донесоа звучно име во својата структура. Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста ја прифатил понудата да стане нов спортски директор на националниот тим.

Поранешниот ас на Барселона и шпанската репрезентација, кој се смета за еден од најдобрите играчи за врска во историјата на фудбалот, постигнал договор со мароканската федерација и ќе има важна улога во организацијата на тимот пред претстојниот Мундијал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×