886
Поради изолацијата од коронавирусот и со цел да испратат порака до луѓето, меѓу фудбалерите кружат различни предизвици.
Интересен беше тој на Фабрегас кога го имитираше Еди Марфи, но Андре Гомеш направи уште поголем предизвик.
Тој прилагоди сцена од Том Хенкс во филмот „Cast Away“ во кој главниот лик преживува на пуст остров и меѓудругото разговара со топка која е негов замислен пријател.
Том Хенкс и неговата сопруга имаат коронавирус, па Андре Гомеш им посака и добро опоравување.