Утрово на Мапфри
стадионот во Колумбус, Охајо, Влатко Андоновски за прв пат ја предводеше
женската репрезентација на САД, противник беше силната Шведска, но и покрај тоа
Македонецот имаше победничко деби.
Американките
започнаа силно, поведоа веќе во 6. минута, Прес уфрли топка во петерецот а Лојд
рутински реализираше за 1-0. Ви 28. минута улогите беа заменети, Лојд
асистираше а Прес откако одлично се ослободи од две противнички погоди за 2-0.
Три минути
подоцна веќе беше 3-0, Лојд се најде во шанса и лобуваше за нова радост на
домаќините.
Америнаките потоа
имаа уште неколку добри прилики за да ја наполнат мрежата на противникот, но
откако не ги реализираа, во финишот дојде до опуштање и Шведска ја направи
возбудлива завршницата. Анвегард најпрво
намали на 3-1 во 75. минута, а пет минути подоцна по втор пат се запиша во
листата на стрелците за 3-2.
„Дефинитивно не
сакав да видам дека резултатот е 3-2 по нашето водство од 3-0“ – рече
Андоновски по крајот на натпреварот. „Искуството беше добро, мило ми е што се справивме
на начинот на кој се справивме, но да разјаснам, не сум среќен со двата
погодока кои ги примивме“.
„Победа си е
победа, но мораме да ги корегираме ситуациите по кои паднаа двата гола на
Шведска“.