Анчелоти за пеналот на Белингем: Димитриевски не беше на линијата, но не требаше да биде повторен (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Бурни се реакциите во шпанската јавност по натпреварот кој заврши со победа 1:2 на гостинскиот состав, а најмногу се коментира црвениот картон на Винисиус Жуниор.

Но, тренерот Анчелоти го коментираше и промашениот пенал на Џуд Белингем кој ја погоди стативата.

Анчелоти истакна дека Димитриевски ги прекршил правилата со тоа што со стапалата не бил на линијата, меѓутоа признава дека пеналот не требало да биде повторен.

„Димитриевски не стоеше со стапалата на линијата, но сепак тоа не е прекршок за повторување ако голманот не ја допре топката бидејќи не влијае на играта. Мене ми пречи што промашивме три пенали сезонава. Веројатно ќе треба да преземам одговорност и да одлучам кој ќе ги изведува пеналите“, изјави Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани